Кошарка
31. October 2016 - 9:07

НБА: Нов „трипл-дабл“ за Вестбрук

Играчот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук оствари нов „трипл-дабл“ вкупно 39.ти во кариерата. тој синоќа во победата на својот тим на ЛАЛ учествуваше со 33 поени, 12 скока и 16 асистенции.

Неговиот соиграч до лани Кевин Дјурант во дресот на Голден Стејт уфрли 37 поени, додека Андре Драмонд од Детроит имаше 20 поени и 23 скокови што беше 10.ти пат во неговата кариера да има 20 и повеќе поени и скокови на еден натпревар.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:

ЛА Клиперс – Јута 88:75,

Феникс – Голден Стејт 100:106,

Мајами – Сан Антонио 99:106,

Детроит – Милвоки 98:83,

Оклахома Сити – ЛА Лејекрс 113:96,

Мемфис – Вашингтон 112:103 (продолжение) и

Хјустон - Далас 93:92.