30.09.2014 - 15:49 |
Последна промена пред 8 мин 31 сек

Научни војни: Чарлс Дарвин и Ричард Овен

Иако живеел и се образовал во зората на модерната наука, Ричард Овен, творец на зборот диносаурус, до крајот на животот верувал дека сите видови ги креирал еден творец – Господ.

Ричард Овен бил миленик на конзервативната викторијанска елита. Ги учел децата на кралицата и им давал часови по биологоија, а создавал и цврсти темели на политичко влијание. Сепак, меѓу колегите научници бил многу помалку омилен.

Брилијантен ум, во комбинација со огнена амбиција, како резултат дала незгоден темперамент со кој меѓу колегите не бил популарен. Биографите го опишуваат Овен како лице склоно кон садизам, голема ароганција и љубомора. Во текот на неговата кариера постоеле многу сугестии за незаслужено присвојување на туѓ труд, па во еден момент бил отпуштен од советот на Кралското зоолошко здружение под обвинение за плагијат. Секако Овен не ја поднесувал критиката и ретко ги признавал своите грешки, но сепак без сомнеж бил една од најголемите научни фигури во викторијанска Англија. Наспроти контроверзниот карактер, останал запомнет по неговиот измислен термин диносаурус, како и по Природниот музеј во Лондон, кој инспирира и образова многу генерации.

Овен во младоста бил ученик хирург. Искуството кое го стекнал занимавајќи се со обдукција во локален затвор го навело да ја засака анатомијата. Во една прилика дури и го поткупил чуварот да му дозволи да ги искористи посмртните останки на починат Афроамериканц, експериментално да направи меѓурасна споредба. Наскоро се одлучил да студира компаративна анатомија, а патот и амбициите го воделе понатаму се до управник на Природниот музеј на поранешниот Британски музеј. Во текот долгогодишно лобирање, подоцна Овен успеал целата поставка да ја релоцира и да ја претвори во она што е денес – познатиот Природен музеј во Лондон.

Во текот на првите години од работата во Музејот, реномето на Овен вртоглаво растело. Многу брзо станал член на Кралското здружение, а  во неговите предавања не пропуштал големите имиња на британската наука. Токму на едно такво предавање Овен го запознал младиот Чарлс Дарвин, кој штотуку се вратил од чудесно патување на истражувачки брод на Нејзиното кралско величество Бигл, донесувајќи на островот една уште почудесна идеја.

Биологот од Бигл

Историјата има навика постојано да не потсетува на необични пресврти во човечките животи, дури и иронични ако се гледаат од една перспектива, кои подоцна своите главни актери ги насочила кон судбини за кои не можеле ни да сонуваат. Обучуван за свештеник, а подоцна извајан во човек од науката на кого црквата му била најлутиот непријател, Дарвин многу лесно можел да стане архетип на ваква личност.

По завршувањето на студиите на Кембриџ, гледајќи дека се уште не е подготвен својот живот да го стави во служба на религијата, 22 годишниот Чарлс Дарвин ја прифатил понудата да отпатува на долго авантуристичко патување, со мистериозниот брод на Нејзиното кралско височество Бигл. Бидејќи последниот капетан на овој поранешен воен, но подоцна модифициран брод за истражување, боледувал од депресија и извршил самоубиство на својата прва експедиција, неговиот наследник решил за себе на ова долго патување да обезбеди друштво.

Освен самата потреба за друштво, капетанот на бродот го сакал и геологот, за да можат тој и неговиот екипаж да се занимаваат со водите, додека експертот би се занимавал со земјата. Освен што ја оправдал иницијалната намена за своето присуство на бродот, Дарвин почнал пасионирано испитување на геолошките процеси, флората и фауната, необичните фосили и организми на кои наидувал пловејќи пет долги години по водите на Атланскиот океан, Јужна Америка, многу тропски острови и Австралија.

Знаењето, искуството и самодовербата кои ги стекнал на оваа епска експедиција, земале облик на смела идеја која не го напуштала Дарвин по враќањето дома. Белешките за трансмутирање на видовите, со кои се занимавал во својата теорија, со време прераснале во нешто друго.

Конечно, во 1859 објавил книга која го шокирала светот.

Потеклото на видовите (со посредство на природна селекција или зачувување на подобрите раси во борбата за живот) била подготвувана 20 години, а се распродала до последниот примерок уште првиот ден откако излегла од печат. Во книгата се зборувало за промени, за прилагодувања и природна селекција. Во неа е Дарвиновата теорија на еволуцијата, толку важна и толку навремена, што научната заедница тоа веднаш го сфатила.

Водејќи се од искуството на трансформист, чие учење за бавната и постепена промена на единките било во целост напуштено во текот на 19 век, презрено под тврдиот ѓон на авторитетот на Жорж Кувије, Дарвин настапил промислено и внимателно. Тој требал да покаже одреден вид на храброст, па во времето кога црквата не го губела авторитетот во општествениот поредок, да предложи теорија која со цела своја содржина се става во конфликт во однос на црковното толкување за настанокот на светот и живите суштества кои одат по земјата.

Книгата промовирала идеја за усовршување низ промена и превласт на нај адаптирачките суштества. Ова директно се спротивставувало на учењето на црквата, кое истакнувала еден креатор и творец на сите живи суштества во нивниот совршен, оригинален и непроменлив дизајн. Освен што се заканувала да ги урне црковните догми, теоријата на Дарвин за природната селекција донесувала бран на нови идеи во филозофијата и психологијата. Од кога се појавила, почнале промени на општествено ниво, па со самото тоа оваа теорија на поетски начин ја објаснила потребата за самата себе.

Теоријата на еволуцијата темелена на природна селекција која по своето историско патување ја предложил младиот англиски научник, денес е основа на формалното образование и темел на еволутивната биологија. – Дарвиновата (р)еволуција оди многу подалеку од едноставна рамка на научен пресврт: таа на фундаментално ниво го менува начинот на кој мислат луѓето, внесува промени како есенцијален фактор во однос на порано општо прифатениот тип, донесува динамична парадигма наспроти поранешната статичка, заедно со бескрајни импликации на човековото разбирање на природата кое било актуелно во текот на раните години на 19 век.

Љубоморниот диносаурус

Не било потребно многу време да се вкрстат ножеви на две исклучително спротивни сфаќања. Дарвин со своите смели идеи ги разбранувал мирните води на научниот свет на 19 век, а конзевативниот и доминантен ум како Овеновиот не можел да седи со скрстени раце на таквата ерес.

Односот на двајцата научници прво бил професионален и позитивен. Сепак, со време Овен почнал жестоко да ја критикува книгата Потеклото на видовите, чија продажба и популарност траеле. На Дарвин му забележувал на неговото сфаќање и на неповикувањето на веќе постоечките теории на еволуцијата. Бидејќи бил голем поборник на Кувије и неговото сфаќање на еволуцијата, Овен сметак дека секој вид на светот е создаден од Господ, ги дизајнирал и прилагодил по сопствена улога, како единствен творец на целиот живот. Ваквата филозофија била неопходна при стекнување на поддршка главно кај англиканскиот научен естаблишмент.

Единствената изјава на Дарвин го отсликува нивниот однос подобро од што било  друго: Често го гледав Овен додека живеев во Лондон и многу му се восхитував, иако никогаш не успеав да го разберам неговиот карактер и да станам близок со него. По објавувањето на Потеклото на видовите, стана мој лут непријател, иако без никаков конфликт меѓу нас, па ценам дека во прашање беше љубомора околу успехот на мојата книга. Драги Фалконер... имаше многу лошо мислење за него, мислејќи дека не е само амбициозен, многу завидлив и арогантен, туку и неповерлив и нечесен. Ако тогаш го бранев Овен, Фалконер би ми рекол: Ќе сфатиш и самиот еден ден, и тоа се случи.

Многу историчари сметаат дека Овен навистина бил заслепен од љубомора кон Дарвин и исклучителниот успех на книгата Потеклото на видовите. Во своја одбрана Овен укажал на последиците кои според него оваа книга има фантастичен успех, жалејќи се дека посетителите на неговиот музеј возбудено доаѓаат по докази за еволуцијата, а тој, засрамен, не е во состојба да им ги даде. Се служеше со разни оружја за да придобие поддржувачи, па објавуваше дури и анонимни написи во кои го величи ликот и делото на единствениот творец, го осудуваше богохулењето кое со себе ја носи идејата за природната селекција, па се повикуваше на конзервативните погледни на настанокот на животот на светот. Армијата поддржувачи на Дарвин, набрзо го презреа овој трик на Овен, а неговата веќе разнишана репутација продолжи да трпи. По ова, Дарвин изјавил – дека никогаш не се срамел бидејќи толку многу го мразел, но сега знае дека ќе ја чува и цени неговата омраза кон Овен до последниот ден од својот живот.

Симболично, дури и сфаќањето на Овен на теоријата на еволуцијата со тек на времето еволуираше. Најчесто се двоумеше меѓу прифаќањето и неприфаќањето на на еден вид еволутивен процес. Природната селекција сепак ја негираше до крајот на својот живот, но сепак не тврдел дека еволуцијата, како таква, не се случила. Според викторијанските стандарди, дури понекогаш и ја поддржувал. Ваквата дипломатија денес може да не зачудува, во време кога теоријата за еволицијата на Дарвин е основа на еволутивната биологија, но 19 век очигледно не бил подготвен за ваква научна парадигма.

Елементариум

Живот