Наскоро на Сител: Најскапиот и најбаран производ во регионот - „Будва на морската пена“

Измислија дека сум геј

МИМА КАРАЏИЌ : НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ ПОПОТЕНТЕН

Слушнав дека сум бил болен и дека сум хомосексуалец, но морам да ги демантирам тие приказни – вели познатиот актер

Милутин Мима Караџиќ ( 57) во разговор за „ Курир“ открива дека никогаш не се чувствувал подобро и дека ужива во снимањето на серијата „ Будва на морската пена“ која ги сруши сите рекорди на гледаност во Србија и регионот!

Како оди снимањето на новите епизоди?

-  Снимаме секој ден, времето е убаво, екипата функционира одлично. Во оваа сезона ги нема Драган Бјелогрлиќ и Петар Стругар затоа што не можат да ги усогласат снимањата со „ Монтевидео“. Најверојатно во септември ќе се репризираат првите 12 епизоди, а потоа ќе се емитуваат овие 12 што сега ги смимаме. Можеби во септември ќе снимаме уѓте една сезона.

„Будва на морската пена“ продукциски направи мала револуција на домашниот пазар.

- Тоа е вистина. Револуција е направена и во продажбата. Серијата ги сруши рекордите на гледаност во Хрватска, сега се прикажува во Словенија, наскоро во Македонија, а имаме договор и со Албанија и Украина.

Пред две децении сте биле во брак. Зошто го криевте тоа од јавноста?

- Никогаш ништо не криев. Мојата поранешна сопругаживее некој свој живот со друг човек и има семејство, а јас навистина не сакам да ја мешам во ниедна од моите приказни, да ја бркаат новинари, да ја чекаат, сликаат. Тоа било и поминало.

Колку ве погодуваат невистините што ги слушате за себе?

-  Слушнав дека сум болен, иако не знам од што, но јас никогаш не сум бил поздрав и попотентен. Слушнав и дека сум хомосексуалец. Морам да демантирам и да кажам дека сум здрав, прав и нормален, за да не фатазираат луѓето.

Откријте ни некои детали од другата сезона на серијата.

- Саво Бачиќ ќе има уште една љубовница и повторно ќе се заљуби. Од новите актери ќе играат Данина Јефтиќ, Нина Јанковиќ, Марија Каран и Бојана Маљевиќ. Вие погодете која од нив ќе биде љубовницата на Саво.

Најлесно е  да направите дете!

Планирате ли да оформите семјство или мислите дека помина времето за тоа?

- Никогаш не може да помине време за тоа. Татко ми бил стар колку јас сега кога ме направил. Зошто да не, сакам да имам се, но тоа не е работа што се планира. 

Не се појавила вистинската жена до сега?

- Ги најдов неколку, ама едната не сакаше деца, другата не сакаше во тој момент, со третата јас не се најдов... До сега можев да имам четири брака и четири деца, па воопшто да не ги гледам, како некои мои пријатели. Најлесно е да направите дете и да плаќате алиментација, а јас тоа не го сакам!

Превземено интервју од „Курир“