Бизнис
18. December 2015 - 20:10

Наградени најдобрите претприемачи за 2015-та година

Малите и средни претпријатија влијаат на растот на економијата и создавањето на нови работни места. Ова  беше истакнато на денешното доделување награди за најуспешните претприемачи годинава. Беа доделени признанија на 5 микро и мали фирми кои имаат остварено најдобар раст на бројот на вработените, приходите како и добивката и инвестициите во истражување и иновации.

Бизнисмените согласни дека со напорна работа и внесување на иновации во работењето, малите бизниси најчесто прераснуват во големи и успешни фирми.

Манифестацијата се одржува 9та година по ред со цел да се поттикне претпримачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. Оваа година учествуваа 48 микро и мали претпријатија.