Балкан
31. July 2015 - 21:38

Монструм: Дрогирал малолетничка, па ја силувал

Случајот во полицијата го пријави таткото на девојчето, откако неговата ќерка му раскажала се за „дедото“ како го нарекувала педофилот.
 
Четириесет годишен маж од Крагуевец, е уапсен поради сомнение дека во април годинава нападнал малолетничка (13) пред основното школо.
 
Се сомничи дека девојчето најпрво го повикал во автомобилот, го дрогирал, по што имале и сексуални односи.
 
По возењето во неговиот автомобил заминале во неговиот стан. Таму заедно се дрогирале и пиеле алкохол, а потоа имале сексуални односи. Потоа повеќе пати се гледале.
 
 -Очекувам на 13-ти август сведоците да ја дадат својата изјава, па потоа ќе зборувам што се случило,  вели нејзиниот татко.