24.04.2014 - 23:20 |
Последна промена пред 2 мин 11 сек

СУДБИНАТА НА ФАТМАЃУЛ

ПОН-ПЕТ 19:45

 

Потресна приказна за преубавата Фатмаѓул работена според истоимениот роман на Ведат Туркалија.

 

Нејзиниот живот ќе се промени во само еден дел од ноќта. Додека чека нејзиниот вереник и љубовта на нејзиниот живот Мустафа, да заврши со градење на нивната куќа каде за прв пат ќе му се предаде како на маж, Фатмаѓул паѓа во мрачната бездна на злото. Таа станува жртва на четворица здивени богаташи и нејзиниот живот ќе се претвори во пекол.  Соочена со сопствениот срам и осудата на околината, најголемиот удар и го задава огорчениот Мустафа кој ја остава поради изгубената чест. Фатмаѓул е принудена да се омажи за еден од напаѓачите, со него го напушта родниот град Чешме и заминува за Истанбул.

Дали може да се избрише болното минато? Дали може да се врати изгубената чест?

Една од најубавите и најпопуларни турски актерки Берен Саат во улогата на својот живот.

 

 

Фатмагул (Берен Саат) – Мирна и питома селска девојка која живее со наивниот постар брат Рахми и злобната снаа Мукадес која е љубоморна на неа. Фатмагул ги трпи сите неправди и сплетки, чекајќи го денот кога ќе се омажи за својата љубов од детството Мустафа. Но кога ќе ја силуваат четворицата здивени богаташи, за убавата Фатмагул почнува пеколот што нема крај. Таа е приморана да се омажи за еден од крвниците, Керим, со кого заминува во Истанбул.

 

Мустафа (Фират Челик) – Риболовец и вереник на Фатмагул. Со сопствени раце ја гради куќата со цел побрзо да се ожени и Фатмагул да ја извлече од канџите на злобната снаа. Бесот заради судбината на Фатмагул ќе го претвори во играчка на моќното семејство Јашаран, кои прават се за да го прикријат злосторството над Фатмагул. Мустафа знае само едно – ќе ги прогонува Керим и Фатмагул до крајот на животот.

 

 

 

Керим (Енгин Акиурек) – Сирак кого по мајчиното самоубиство и татковото заминување, го прифатила и исчувала локалната исцелителка Бабица. Керим веднаш по гимназијата почнал да работи и за разлика од своите богати пријатели Селим, Ердоган и Вурал, останал мирно и пристојно момче. Тој живее за денот кога неговите пријатели доаѓаат од Истанбул на распуст. Но нивното доаѓање ќе го вплетка во мрачна случка, па така тој до крајот на животот на душа ќе ја носи невиноста на Фатмагул и бесот на Мустафа.

 

 

Селим Јашаран (Енгин Озтурк) – Син единец на моќниот богаташ Решат Јашаран и другар на Керим од детството. Дипломирал на приватен факултет во Истанбул. Моќта на татко му го чува постојано, па тој воопшто не се грижи за иднината. Животот не го сваќа сериозно, но сепак се воздржува пред татка си. Иако се труди да ги скрие развратните врски со жените, редовно е мета на таблоидите. Негова идна вереница е Мелтем, ќерка на претставник во парламентот. Селим е против бракот, но се согласува само за да ја исполни желбата на татка си. Соучесник е во злочинот над Фатмагул.

 

Ердоган Јашаран (Кан Ташанер) – Тој е братучед на Селим, но за разлика од него тој работи во семејната фирма и е поамбициозен и позлобен од Селим. Тетинот го игнорира, а татко му не застанува во негова одбрана и тоа полека кај него буди гнев. На прв поглед изгледа дека тие двајца убаво се согласуваат, но Ердоган од дното на душата го мрази Селим. Тој почнува игра што ќе има трагичен крај за Фатмагул и дел од последиците сам ќе ги почувствува.

серија

Серии