19.04.2014 - 17:12 |
Последна промена пред 2 мин 5 сек

Languages

Со 5 деца и без примања живеат Стојанови од Каратманово

Со пет деца и без никакви месечни примања, вака живее семејството Стојанови од Каратманово.

Иако почна школската година, трите повозрасни деца не одат во училиште. Таткото Санде вели дека нема пари за облека.

11 годишното девојче денеска заминало во училиште, но само да ги земе бесплатните учебници.

Повеќе од една година Санде е без работа, претходно работел како овчар - сега, моли за вработување.

Разочаран од животот, вчера 39 годишниот родител се обидел да се самоубие.

Стојанови не земаат социјална помош. Поради земјата која ја поседуваат не можат да го остварат правото. Безуспешни биле и обидите да добијат надомест како многудетно семејство.

Зоран Јаневски

Македонија