16.04.2014 - 22:18 |
Последна промена пред 3 мин 1 сек

Languages

Приватните лекари: Нападот е гнасно дело

Да се откријат и најостро осудат напаѓачите на тимот на Брзата Помош кој требало да интервенира во Кисела Вода, ова го бара Здружението на приватни лекари на Македонија. Сметаат дека тепањето доктори е гнасен чин и не смее тоа да се повтори.

-Тоа е еден модел на однесување, хулиганство и тепање луѓе недолжни и луѓе кои некаде брзаат за да спасат друг човечки живот и некој од забава да ги претепа е нешто кое треба да го осудат сите институции, вели Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија.  

Од еснафското здружение додаваат дека после физичкиот напад врз тимот во Скопје, од скоро сите градови добиле известување за слични настани во минатото. Така во Гостивар лани дури три пати била нападната екипа на Брзата Помош.

-Треба веќе некој да реагира. Тоа е нешто кое не е добро, значи да се има доктор во близина или медицинска сестра, односно лице кое знае да се грижи и пружа помош, да спаси човечки живот - верувјате ми нема цена тоа, додава Чолакова-Дервишова.

Освен осуда, Здружението на приватни лекари најави и кривична пријава за напаѓачите на медицинскиот тим.  

Зоран Јаневски

Слични вести

Македонија