24.04.2014 - 00:28 |
Последна промена пред 3 часа 6 мин

Languages

Gangnam style - Доказ за крај на светот?!

Корејскиот рапер, PSY преку ноќ стана светска ѕвезда, а некои интернет блогери неговиот успех го поврзале со едно пророштво на Нострадамус поврзано со крајот на светот.

Во цитат на Нострадамус од 1503-та година, стои дека „од едно мирно утро, ќе дојде крај кога коњ кој игра ќе го достигне деветиот круг“ и сето тоа симболично се поврза со светската сензација чие видео за песната на јутјуб “Gangnam Style” стана најгледан клип на сите времиња.

Имено, Кореа е позната како земја на „мирното утро“, а деветиот круг се всушност тие 900 милиони прегледи, за кои му се потребни помалку од 50 милиони кликови.

Се очекува дека до 21 декември, оваа песна на денот кога Маите наводно го предвиделе крајот на светот, да достигне до милијарда прегледи што тешко дека некој ќе го надмине.

 



Во следната епизода на „Мајка“ ќе гледате

Во следната епизода на „Завет“ ќе гледате

Слични вести

Живот