23.04.2014 - 21:18 |
Последна промена пред 2 мин 13 сек

Languages

“Фискална во рака – награда без мака„ започнува денеска - Собирајте ги фискалните!

Денеска започнува наградната игра со собирање на фискални сметки. Се што треба да направите е да соберете 20 со било кој износ и да учествувате во трката за стан, дуќан или автомобил.

Првото извлекување кое ќе го организира лотарија на Македонија се очекува на 30 декември. Во игра влегуваат фискалните сметки издадени од денеска. Фондот по извлекување кое ќе биде на секои 45 дена ќе изнесува 20 илјади евра. За учество како што најави вчера министерот Ставревски потребни се 20 фискални сметки за кои нема ограничување на вредноста за која се издадени.
 
-Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски.

Бизнис