23.04.2014 - 08:39 |
Последна промена пред 1 мин 34 сек

Languages

Фискална наградна игра

Ќе го закрепне стопанството и ќе ја зголеми фискалната дисциплина на граѓаните. Наградната игра со фискални сметки според премиерот Груевски е стимулирачка а ќе придонесе и за сузбивање на нелегалната конкуренција. Можноста за добивање на стан, дуќан, автомобил и вредноссен ваучер со испратени само 20 фискални сметки поздравена од граѓаните но и компаниите.

Наградната игра е добра. Таа стимулира и дава мотив затоа што плаќањето ДДВ значи сузбивање на нелегалната конкуренција и му се помага на стопанството. На некој начин се знае дека се плаќа данокот и парите одат на вистинско место. Од тие пари подоцна се финансира образованието, здравството, инфраструктурата, патиштата. Така што мислам дека граѓаните со задоволство ќе го прифатат тоа, изјави премиерот Никола Груевски.

Оваа мерка за намалување на фискалната евазија била воведена и кон крајот на 2001 година но била укината со стапување на власт на СДСМ. Денеска од опозициската партија сметаат дека идејата со фискалните сметки е панична реакција на предлог мерките на СДСМ за повраток на 15 отсто од ДДВ-то.

Преку соопштение се огласи и владеачката партија која се вели, добро е што СДСМ не е на власт, инаку Македонија одамна би требало да прогласи банкрот. Со предлогот кој СДСМ го дава за поврат на 15% од собраниот ДДВ, во ризик би се ставила исплатата на пензиите, наплатите во администрацијата, на субвенциите за земјоделците, воопшто за функционирањето на секој суштински сектор во државата.

Борче Пауновски

Бизнис