20.04.2014 - 11:41 |
Последна промена пред 23 мин 44 сек

Languages

Криминал на Даневски и во винарстото и сточарството

Слаткоречивоста на Даневски ги оставила дел кооперантите покуси за по неколку стотици илјади евра. Должен останал и на државата.

Не платил околу 5 милиони денари кирија за државното земјоделско земјиште за кое има склучено долгогодишен договор. Над 5-те илјади хектари плодна почва годинава ќе останат непосеани. Извори за Сител велат дека се проверува и веродостојноста на документите врз кои за 2010 година му се исплатени 900 илјади евра субвенции.

Трудот нема да си го наплатат ниту лозарите. Неговата винарница Ловин на која и претходно и е одземано вино од државниот инспекторат на земјоделците им должи еден и пол милион евра.

Залихите кои тежат над 4 милиони литри вино не може да се продадат и долгот да се наплати, бидејќи работата на подрумот ја има блокирано НЛБ тутунска банка за свои побарувања. За да не биде избришан од регистарот на министерство за земјоделство, Даневски на нотар завертил и лажна изјава дека грозјето од претходната реколта го исплатил во целост.

Со криминалот и лошото работење, преку шестте фирми Даневски должен им останал на  земјоделците, бизнис партнерите, државата и 325 те вработени.

Случајот Џумајлија го отвори и прашањето за безбедноста на државните резерви кои се од национален интерес заштитени со закон.

Упатените велат дека добра околност е што ускладиштувањето на стоковите резерви во фирмите на даневски се минимални па и штетата во тој дел не е голема.

Државните институции деновиве ќе ја чешлаат целата документација поврзана со бизнисменот Даневски за докажување на евентуално сторениот криминал.

Борче Пауновски

Бизнис