Мицкоски од утре на терен ќе укажува на незаконски донесениот неуставен Закон за јазици
Во пресрет на најавените протести лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од утре се враќа на терен. Мицкоски денеска на прес конференција рече дека местото на неговата партија е меѓу народот изразувајќи подготвеност на сите граѓани и лично да им ги објасни последниците од како што вели, штетното владеење на СДСМ.
Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се повлекува од реформските процеси кои се во интерес на Македонија.
Опозицискиот лидер вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува до крај да ги брани македонските национални интереси уште еднаш повторувајќи дека Законот за јазиците е неуставен и неприменлив и дека тој воопшто не треба да стапи на сила.
Реагираа од СДСМ. На Мицкоски му порачаа дека Македонија е слободна земја а граѓаните не може да бидат под уцена
„ВМРО-ДПМНЕ се обиде повторно со конфликт и насилство да предизвика поделби, но мнозинството граѓани ги отфрла ваквите деструктивни дејства на опозицијата.
Никој не е над Уставот, а Ѓорге Иванов е должен да извршува задачи кои му се доделени со Уставот.
ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија, тоа е несвојствено за нив, но крајно време е да се надминат себеси и во интерес на граѓаните на Република да ги напуштат политиките на омраза.“ – стои во соопштението од СДСМ
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар