Фудбал
2. May 2017 - 9:20

Малага подобра од Севиља во андалузиското дерби

 
 
 
 Екипата на Малага ја победи Севиља со 4-2 андалузиското дерби натпревар со кој беше комплетирано 35.коло на шпанската Примера. 
 
Стрелци на головите за домачините беа: ПАбло Форналас (38.минута), Сандро РАмирез (51), Диего Љоренте (77) и Хуан Карлос (89). Двата гола за гостите ги постигна Италијанецот, Франциско Васкез (30 и 57). 
 
По овој пораз Севиља остана на три бода помалку од трето пласираниот Атлетико Мадрид, но и само на пет повеќе од Виљареал кој се надева на четвртата позиција на табелата која носи пласман во квалификациите за Лигата на шампиони. 
 
Малага направи скок од две позиции и сега е четиринаесета со 42 бодови. 
 
До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште три кола. 
 
Табела: Барселона 81 бодови, Реал Мадрид 81 (-1 натпревар помалку), Атлетико Мадрид 71, Севиља 68, Виљареал 63, Атлетик Билбао 62, Сосиедад 61,...