Loading Video...
Фудбал
23. March 2018 - 19:01

Македонија и Финска одиграа без голови

Најдобрата македонска репрезентација одигра без голови (0-0) против Финска во пријателски меч кој се играше попладнево во Анталија, Турција.
 
Првата шанса ја имаа македонските фудбалери. Во 5.минута незгоден центаршут упати Алиовски, а по корнерот од левата страна за малку пократок беше Несторовски.
 
Во 20-тата се одново се обиде Алиовски, а по прекинот во 31-та обид со глава имаше и Адеми.
 
Барди од 30-тина метри се обиде да изненади, но нергоивиот удар заврши крај голот.
 
Најзрелата шанса ја имаше Ристовски кој во 57-минута изби сам пред финскиот голман но биеше директно во него, па резултатот стана почетниот. 
 
Следна контрола за македонската селекција е на 27 март (вторник од 17 часот) против Азербејџан кој денеска загуби од Белорусија со 0-1.