Loading Video...
Фудбал
10. October 2019 - 13:21

Македонија атакува на победа над Словенија во квалификациите за ЕП

Македонската фудбалска селекција вечерва во Скопје ја пречекува Словенија во квалификациите за Европското првенство 2020 година. 
 
 
Со голем оптимизам и мисли само на победа македонските фудбалери го очекуваат вечерашниот меч со Словенците. 
 
„На терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија“, истакнува селекторот Ангеловски
 
Селекторот се надева дека сите кои ќе го започнат мечот, но и оние кои ќе добијат шанса од клупата ќе го дадат максимумот, а воедно Ангеловски најави и мали изненадувања. 
 
И капитенот Пандев верува дека нашата селекција може до победа, со која ќе си ги зголеми шансите за освојување на второто место во групата. 
 
„Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен“, вели капитенот Пандев.
 
Првиот меѓусебен дуел од овие квалификации одигран во Љубљана, завбрши без победник 1:1, а од таа средба во нашата репрезентација поради повреда ќе недостасува стрелецот на голот Енес Барди. 
 
Дуелот меѓу Македонија и Словенија кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“ ќе започне во терминот од 20:45 часот. 
 
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП - Група Г 
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 
АВСТРИЈА – ИЗРАЕЛ 
ЛЕТОНИЈА – ПОЛСКА 
 
ТАБЕЛА:
1. ПОЛСКА 13
2. СЛОВЕНИЈА 11
3. АВСТРИЈА 10
4. МАКЕДОНИЈА 8
5. ИЗРАЕЛ 8
6. ЛЕТОНИЈА 0