Бизнис
23. March 2018 - 22:33

Македонците дневно трошат по 200 литри вода по жител - мора да се штеди за да не ја снема

Македонија  меѓу земјите  со безбедна вода за пиење, но и меѓу оние кои најмногу трошат  97 отсто од граѓаните имаат пристап до квалитетна вода, покажува извештајот на институтот за јавно здравје. Сепак со 200 литри по жител дневно земјава влегува во групата на држави со голема потрошувачка. Од институтот порачуваат водата да почне порационално да се користи.  Во иднина побарувачката ќе порасне за 30 отсто, а количините ќе се намалат за речиси 20 проценти. Според анализите Македонија  ќе биде една од државите кои  ќе се соочат со  недостаток на вода. Едниствено од овој проблем ќе  куртулат скандинавците.

Со повеќе активности и креативни работилници Македонија денеска  го одбележа светскиот  ден на водата.

Според  податоците 2 милијарди луѓе во светото немаат пристап до безбедна вода за пиење. До 2050  пак речиси 70 отсто од светската попоуклација ќе живее во градовите од сегашните 50 отсто. Но проблемот е во тоа што голем дел од градовите во земјите  во развој немаат инфраструктура и ресурси за управување со отпадни води.