Македонија
1. August 2015 - 16:15

Мајка, ќерка и син загинаа на пат кон Грција, таткото на Ургентен

Трагично заврши патувањето на одмор за семејство од Србија. Во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово во близина на Гевгелија три лица загинаа а едно е тешко повредено.

Во несреќата животот го загубија брат и сестра на возарст од 18 и 10 години како и нивната 45 годишна мајка, додека таткото кој управувал со возилото  со тешки телесни повреди е пренесен на Ургентниот центар во Скопје.

Возилото марка Рено Меган со кое се превезувало семејството од Србија патувало кон Гевгелија, најверојатно на одмор во Грција прво удрило во задниот дел на возило Фиат Добло со гевгелиски регистарски ознаки, а потоа удрило во метален столб за вертикална сигнализација. Од силината на ударот и здобиените повреди мајката и двете деца починале на лице место.

Веднаш по несреќата надлежен Јавен обвинител од Гевгелија извршил увид на местото на настанот. Дадени се потребни наредби за вршење вештачења и се прибираат информации и податоци со цел целосно да се откријат причините поради кои дошло до несреќата.

На истата автопатска делница поточно  во близина на Демир Капија пред околу две недели настрада уште една државјанка на Србија која заедно со нејзиното семејство биле тргнати на годишен одмор  во  Грција. Минатата година во слична сообраќајна несреќа  во близина на граничниот премин Богородица загина 67 годишна државјанка на Белгија.