ЛШ: Севилја потврди дека е подобра од Јунајтед
Фудбалерите на Севилја го елиминираат Манчестер Ј од Лигата на шампионите и тоа совладувајќи го на неговиот Олд трафорд со 2-1.
Шпанците стрпливо ја чекаа својата шанса а јунак на мечот беше францускиот напаѓач Висам Бен Једер, откако со два гола за четири минути и донесе на Севилја 2:1 победа на „Олд Трафорд“, ставајќи крај на европската авантура на тимот на Жозе Мурињо.
По првото досадно реми 0:0, реваншот во Англија беше со малку повисок интензитет, но двата тима не успеаја да направат многу шанси во првото полувреме. Мурињо по критиките стартуваше со Маркус Рашфорд во нападот, но во стартниот тим го немаше Пол Погба, со Маруан Фелаини во средината.
Тоа најдобро се почувствува во финишот на натпреварот, откако во 74. минута Сарабија фантастично го пронајде Бен Једер, кој со одличен удар го совлада испружениот Давид де Хеа. Уште не беше слегната „прашината“ на „Олд Трафорд“, а веќе беше 0:2 – Бен Једер се најде на вистинското место на голот, и ја искористи лошата интевернција за Де Хеа.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани