Loading Video...
Ракомет
21. March 2018 - 18:53

Квалификации за ЕП(ж): Да се оправда фаворитската улога на Ф.Острови

Вечерва на  Фарските Островки нашата женска ракометна репрезентација ќе се обиде да оствари добар резултат во квалификациите за ЕП во Франција. 
 
Македонија како гостин  ќе го одигра првиот од двата меча против селекцијата на Фарски Острови за подобар пласман во квалификациската група. 
 
По двата порази од Шведска и Србија, нашите ракометарки под водството на  селекторот Симе Симевски ја имаат фаворитската улога, која ќе се обидат да ја потврдат со победа. Возвратниот меч е закажан за во недела од 19 часот во „Кале“.
 
Ова е натпревар од третата квалификациска група во која играат уште и Србија и Шведска. 
 
Пред две години да потсетиме во Скопје Македонија ја совлада селекцијата на Фарските Острови со 21-19.