Македонија
7. October 2015 - 16:31

Курир: СДСМ во очај го копира ВМРО-ДПМНЕ

Наместо програма со проекти и реален и автентичен концепт, СДСМ својата безидејност да подготви програма со проекти ја покрива со копирање на концепти и програми, пишува порталот Курир.

Порталот објави и видео во кое јасно се гледа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претставувајќи ја програмата “Визија за Македонија“  пратктично ги копира зборовотие на Министерот за финансии Зоран Ставревски во најавата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2014.

Според Курир, СДСМ нема капацитет да создаде автентична и реална програма па мора да копира идеји и концепти од програмата на ВМРО ДПМНЕ, до ниво да препишува прес конференции.

Од друга страна, за разлика од Безидејноста на СДСМ, која води до лажни ветувања како она за еден вработен од секое семејство. ВМРО-ДПМНЕ има прецизна и реална програма за подобрување на животот на граѓаните, пишува Курир.