Македонија
26. November 2015 - 19:43

Курир: Кирцовски бил осуден за насилство – Кирацовски бара извинување

СДСМ постави осуден насилник на министерска фотеља, пишува порталот Курир.

Порталот изнесе правосилна пресуда против заменик министерот за Информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, во која стои дека тој во 2001вата учествувал во тепачка во која имало и убоди со нож. За ваквиот настан, Кирацовски бил осуден на 3 месеци условен затвор.

Од Курир ја оценуваат и кариерата на Кирацовски, за кого велат дека е некомпетентен за функцијата.

Кирацовски во изјава за Сител реагира на ваквите твредња. Вели дека никогаш не учествувал во тепачка, а пишувањата на порталот ги гледа како пресметка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Најостро ги демантирам лагите што потекнуваат од Курир. Никогаш во животот не сум повредил никого, никогаш. Замислете, злоупотребуваат настан во кој што пред 15 години на моја 18 годишна возраст спасив двајца другари повредени од насилници, односно ги однесов во болница.  Што е најинтересно за вас, едно од момчињата што ги спасив е син на Илија Србиновски, токму од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен подраќен министер за земјоделие во Битола, вели Кирацовски.

Потпретседателот на СДСМ, додава дека доколку медиумот не му се извини тој ќе поднесе тужба.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја осодуваат изјавата на Кирацовски. Во соопштение за медиумите велат дека со неговата изјава тој врши притисок врз медиумите, со тоа што наместо да одговори дали навистина постои пресуда против него тој го напаѓа медиумот