Македонија
5. July 2015 - 12:57

Куманово: Пукал во пријателот - Еве што се случило

Вчера околу 14:30 часот во Куманово на ул.„Индустриска“ бб во дворното место на фирма, Г.М.(33), од невнимание, додека ракувал со пиштол марка „Глог“,  калибар 9 мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на Р.М.(45), двајцата со живеалиште во Куманово. Г.М. со возило го однел Р.М. во ОБ Куманово,  каде  му  е  укажана првична медицинска помош, по што како итен случај е препратен во КЦ Скопје.  Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово, пиштолот,испукана чаура и зрно се подигнати за вештачење, а Г.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот, до ОЈО-Куманово ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.