Loading Video...
Балкан
28. May 2019 - 17:13

Косовската полиција ја почна акцијата со 73 оклопни возила околу 6 часот

Граѓаните на српските општини на северот на Косово утрово ги разбудија сирените за тревога. Прпадници на Роса  со 73  околпни  возила   околу 6   часот   упаднаа  во северниот дел на   Митровица , Зубин Поток и Лепосавик и уапсија  најмалку 19 Срби и Бошнаци, претежно членови на косовската полиција.

Српските медиуми известија дека најлоша била ситуацијата во Зубин Поток. Специјалците пукале со огнено оружје и употребиле шок бомби кон невооружените срби кои поставиле барикади на патот во знак на протест поради апсењето на полицајците од спрска националност.

Имаме инфромации дека неколку граѓани на Зубин Поток се повредени од страна на косовската полиција. Повреден е и еден руски државјанин вработен во УНМИК на Косово ,изјави Милан Радојевиќ од Српската листа.

Косовските медиуми пренесуваат за голем број повредени припадници на Роса. Целта на акцијата како што напиша премеирот Харадинај  на Твитер била апсење на полицајци  и цивили осомничени дека се вклучени во нелегална трговија и  организаиран криминал и не е насочена против Србите.  Истата изјава стигна и од Брисел и од КФОР.

За Русија акцијата е уште една провокација од Приштина која води кон ескалација на меѓуетничките тензии.

Москва ги повикува меѓународните покровители на Приштина да ги враузмат косовските радикачни сили и да спречат понатамошна ескалација на конфликтот стои во реакцијата на руското министерствто за надворешни работи.