Македонија
22. October 2019 - 23:28

Косово најави екстрадиција на обвинетите во случајот „Монструм“

Косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани кога ќе бидат завршени сите законски процедури во Косово, објави Нова Македонија.

Властите во Скопје распишаа меѓународна потерница по Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и од Косово побараа овие две лица да бидат екстрадирани во земјава.