Спорт плус
3. August 2015 - 19:23

Комплетирани двојките за 1/4 финалето на СП во ватерполо

На Светското првенство во водени спортови што се одржува во рускиот град Казањ, во текот на вчерашниот ден се одиграа четири осминафинални дуели на турнирот во ватерполо - мажи, по кои се формираа двојките за четвртфиналната фаза.

Резултати на средбите од осминафиналето:
Канада – Италија 2:8,
Бразил – САД 3:7,
Казахстан – Црна Гора 8:12,
Јужна Африка – Австралија 1:17.
 
Како првопласирани во групите, директен влез меѓу осумте најдобри обезбедија: Хрватска, Грција, Унгарија и Србија.
 
Двојки за четвртфиналето:
Хрватска – Црна Гора,
Грција – Австралија,
Унгарија – Италија ,
Србија – САД.