Балкан
17. January 2018 - 13:32

Комби со мигранти слета од пат во Словенија

Словенечката полиција пронајде 20 мигранти од Пакистан, откако комбито со кое илегално преминале од Хрватска, излетало од патот.

Во инцидентот се повредени неколку лица. Словенечката полиција соопшти дека утрово патролно возило го следело комбито поради големата брзина со кое се движело, по што излетало од патот.

Комбито е со австриски регистарски таблички, а возачот, украински државјанин, се обидел да побегне преку блиската река, но запрел по полициското предупредување.