Бизнис
14. October 2019 - 16:46

Кој шверцува свинско месо во Македонија?

Дали се шверцува свинско месо во Македонија?  Во Шпанија нема свинска чума, потврди нивниот амбасадор Лорензо Сера, на средба со министерот за земјоделие Димковски. Во нивните анализи не е утврдено присуство на вирусот во ниту една шпанска фарма.

Овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската здравствена  организација , каде што е неведено дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Затоа Агенцијата за храна и ветринарство  нема да забрани узоз на свинско месо од Шпанија, а паралелно ќе продолжи со истрагата што се случувало со пратката, каде беше утврдено присуство на вирусот свинска чума.  Минатата недела првиот  човек на АХВ изјави дека  вирусот е детектиран во пратка тешка 21 тон, која не е пуштена во промет, а месото ќе биде уништено

Во соработка со владите од Шпанија, Бугарија и Европската Комисија ќе се продолжи со истрагата што се случувало со пратката од свинско место, каде беше детектиран вирусот африканса свинска чума, се наведува во соопшението на министерството за земјоделие.

Во меѓувреме, трговците манипулираат со цената на свинското.  За кратко време, ја зголемија д 20 до 30% за килограм.

Мелено свинско во месарниците се продава од 280 до 300 денари, додека кртина над 400 денари за килограм.