Бизнис
14. October 2019 - 16:44

Кој се ќе оди задолжително во пензија со наполнети 64 години?

Кој задолжително ќе треба да оди во пензија со наполнети 64 години,  административците или од приватниот сектор?  

Од владата  без конкретен одговор, велат предлогот е од група пратеници кој допрва треба да се разгледува.

Сепак според минисерката Царовска предлог со кој нема да може да се пролонгира одењето во пензија од 64 на 67 години ќе ја растерети јавната администрација, но во  приватниот сектор  работникот и работотдавецот ќе може да се договорат ако има потреба тој да остане.

Според  премиерот Заев нема дилема законот мора да важи за сите и за приватниот и за јавниот сектор.

Според предлогот кој е во подготовка, во пензија ќе мора да се оди со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи.

Иако според статистиката заклучно со јуни во земјава има околу 10 илајди работници постари од 65 години, Царовска уверува дека бројот  на работници  кои ќе бидат опфатен со ова законско решение не е голем и нема да превизика финансиски импликации.

Неодамна и Светска банка и домашните експерти  посочија дека за ПИОМ да се стабилзиира на долг дор најдоброто решеие е да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години старост.