Бизнис
19. February 2018 - 17:25

Ќе има ли пониски цени на роамиг услугите меѓу Македонија и Бугарија?

АЕК ќе ги притисне мобилните оператори да ги намалат цените на роамингот со Бугарија. Ова ќе значи дека  околу 400 000 Македонци кои годишно патуваат кај источниот сосед ќе телефонираат без да се плашат од високите сметки. Првиот човек на Агенцијата објаснува дека мобилните оператори и  досега можеле да ги поевтинат услугите. Тие лани добија зелено светло со потпишување Меморандум меѓу двете земји. Но поради финансиските загуби , операторите  не се одлучиле на ваквиот чекор. Сега АЕК ја презема иницијативата. Најбрз начин до поевтин роаминг е и Бугарија да се вклучи во Спогодбата, која земјава веќе ја има потпишано со Србија Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Роаминг услугите со Бугарија се едни од најскапите во Европа. Минута разговор чини од 90 до 210 денари и 750 денари за мегабајт интернет. Поради ова граѓаните избегнуваат да користат телефон кога патуваат. Димитријевски очекува на министерско ниво набрзо да се потпише Спогодбата, со што ќе почне намалувањето на цените во пракса.

Бугарија по меморандумот со земјава лани, договор за поевтинување на раомингот потпиша и со Србија. Се преговара и за намалување на цените со Албанија и Црна Гора. Очекувањата се дека роамингот сигурно ќе поветини за време на нејзиното претсдеавње со ЕУ.