Македонија
18. March 2018 - 16:32

Јанаќиевиќ: Доневски е притворен без основ - ако сакал да бега тоа ќе го сторел пред 3 месеци

Неоснован е притворот за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, тврди неговиот адвокат. Според Ненад Јанаќиевиќ, станувало збор за семеен човек со нарушено здравје, болна сопруга и професионалец во својата работа па нема причина за бегство.. Токму поради ова, одбраната на Доневски се жали на одлуката донесена од првостепениот суд.

Како гаранција дека нема да се даде во бегство, одбраната на Доневски го понудила и неговиот пасош. За Јанаќиевиќ, неоснован е и сомнежот на првостепениото суд дека осомничениот може да влијае врз сведоците. Одбраната открива дека уште пред три месеци неговиот клиент бил повикан на разговор во Управата за финасиска полиција но и покрај долгиот временски период, Доневски не превзел никакви активности за да побегне или да и попречи на истрагата.

Пред три дена поранешениот директор на Службата за општи и заеднички работи на владата беше приведен под сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба а се товари и за соизвршителство. Финансиската полицијата го сомничи дека противзаконски склучил договор со компанијата секјуриком во вредност од над 10 милиони евра.