Loading Video...
Спорт плус
8. March 2018 - 14:36

Јада четврти, Тодоровска трета на денешните трки на Мавровскиот меморијал

Со денешните две трки, заврши 55-тото издание на Мавровскиот меморијал
 
Македонските фаворити за висок пласман на Мавровски меморијал, Ставре Јада и Викторија Тодоровска, ги освоија второто и третото место на денешните трки со кои беше заокружено 55-тото издание од оваа меѓународна манифестација. 
 
Во машката трка на 10 километри слободен стил Јада го освои 4.место со 53,7.секунди задоцнување зад победникот Мартин Пенчев од Бугарија,л додека вториот наш претставник  Дарко Крстевски заврши на претпоследното 10-место.
 
Во женската трка на 5 километри Викторија Тодоровска, заврши на третата позиција со 34,1 секунда побавно време од Бугарката, Нанси Окоро, која по втор пат ја оправда фаворитската улога.
 
Ана Цветановска заврши 10-та, а последни финишираа Викторија Јовановска и Анамарија Зафировска. 
 
Мавровскиот меморијал, традиционално се одржува во чест на загинатите 38 градители и 18 спасувачи при изградбата на хидро-системот во Маврово во снежна лавина 1956-та година.