Македонија
7. October 2015 - 16:37

Иванов скептичен дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО и на Самитот во Варшава

Иднината на Македонија е во НАТО, но за жал, искуството ни говори дека нема да добиеме покана ниту следната година на самитот во Варшава, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во своето предавање на тема „Македонија во НАТО : очекувањата од НАТО на Самитот во Варшава“ во седиштето на Европската комисија во Бугарија. Иванов потенцираше дека Македонија е школски пример како НАТО не треба да се однесува со земја-кандидат.

„Самитот на НАТО во Варшава е историска можност еднаш засекогаш да се сруши и последниот ѕид што ја дели Европа од самата Европа. Но, како што реков на почетокот, ако порано бевме ентузијасти со големи идеи, денес веќе сме оптимисти со многу искуство. А искуството ни зборува дека за жал во Варшава, Македонија најверојатно нема да стане членка на НАТО. Тоа нема да биде само уште еден пораз за Македонија и уште една дипломатска победа за Грција. Тоа ќе биде пораз за оние кои ја рушеа, а победа за оние кои ја подигнаа Железната завеса. Ќе биде победа за сеништето на Варшавскиот пакт, а пораз за НАТО и за духот на европеизмот и атлантизмот, на слободата и демократијата. Додека Варшавскиот пакт ја делеше, НАТО ја обединуваше Европа. И наместо идната година во Варшава симболично и суштински да стави крај на последната сенка од Варшавскиот пакт, тој најверојатно ќе продолжи да живее преку блокадата на Македонија“ рече претседателот Иванов.

И покрај сите препреки Македонија останува посвете на евроатлатнстот процес и споведување на сите потребни реформи. Иванов потсети дека македонската армија е професионална и технички подготвена да придонесува за заштита и изградба на слободни и демократски  општества и надовор од државата.

„Досегашното искуство покажа дека проширувањето го правело НАТО посилно, а не послабо. Но, исто така историјата покажа дека проширувањето е шодобро како алатка за превенција на конфликти, отколку како алатка за управување за кризи. Со самото тоа што не ја интегрира Македонија под својот безбедносен чадор, Алијансата прави стратешка грешка и создава простор за помал отпор. Одлагајќи го проширувањето, НАТО си создава проблем на сопствената територија. Тој проблем е бакуум-просторот. Блокирањето на евроатлантската интеграција на МАкедонија е пример за тоа како не треба да се гради безбедноста во регионот“ рече Иванов.

Иванов изрази надеж дека работните групи на Македонија и Бугарија на работна средба наредната недела ќе го финализираат текстот на договорот за добрососедство, кој Македонија е подготвена да го потпише. Иванов потенцираше дека е време македонското-бугарските односи да отворат ново поглавје.

„Работната посета на Република Бугарија, претседателот Иванов ја продолжува и утре кога ќе биде дел од конференција на тема „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“ по што ќе оствари и билатерална средба со својот бугарски колега Росен Плевнелиев“.