Спорт плус
3. August 2015 - 19:09

ИОК нема да има толеранција, доколку обвинувањата за допинг се вистинити

Итнернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе нема толеранција, доколку обвинувањата за допинг во атлетиката се покажат како вистинити, изјави денеска претседателот на ИОК, Томас Бах, по скандалот што го објавија британскиот весник „Сандеј Тајмс’’ и германската телевизија „АРД’’.
 
Весникот и телевизиската станица вчера објавија дека дошле до увид на 12 илјади крвни тестови од 5 илјади атлетичари и дека многу од нив вклучувајќи и такви на олимписки и светски шампиони и рекордери, се во најмала рака спорни.
 
Претседателот на ИОК, Томас Бах денеска истакна дека во моментов има само обвинувања и дека ИОК сепак ќе ја почитува и пресумпција на невиност.
 
 - Ако има случаи кои што ги опфаќаат олимписките игри во Лондон, ИОК ќе има нула толеранција како и секогаш претходно во вакви ситуација, вели денеска Бах.
 
Допинг испитувањата за кои што објавија медиумите се правени во периодот меѓу 2011 и 2012 година.
 
Дел од експертите кои биле консултирани во врска со овие резултат, тврдат дека дел од нив не само што се недозволени, туку се и ризични по здравјето на спортистите.
 
„Би-Би-Си’’ денеска се повикува на двајца водечки анти-допинг експерти во светот, според кои, дури 10 медали освоени во Лондон се од атлетичари кои што имале спорни резултати, а во некои дисциплини дури и сите тројца медалисти се во групата сомнителни.
 
Специјалната истрага околу случајот ќе ја спроведува независна комисија на Светската анти-допинг агенција.