Балкан
31. July 2015 - 20:27

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас отворено призна дека никогаш немал план за излез на Грција од еврозоната

Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас отворено призна дека никогаш немапл план за излез на Грција од евро зоната. Со тоа практично потврди дека и предизборните реторики со кои победи, но и неодамнешниот референдум практично биле дел о политичка пропаганда. Одговараќи на новинарско прашање, на  лидерот на ПАСОК, за постоењето на фамозниот „план Б“, за кој зборуваше Варуфакис, Ципрас изјавил дека неговата Влада немала никакви планови за излез од еврозоната.

- Кога партнерите зборуваа за „грегзит“, Владата мораше да се подготви. Затоа, побарав од тогашниот министер за финансии да подготви план за одбрана на земјата во случај на вонредна состојба, појаснува Ципрас.

Но, оваа изјава не ја решава дилемата за она што медиумите недамна го објавија како транскрипти од телефонски разговор меѓу Јанис Варуфакис и инвеститори од Лондон, според кои, наводно, премиерот Ципрас, уште пред да победи на изборите во јануари го овластил да создаде паралелен систем на плаќање.

Во телефонскиот разговор, воден една недела откако поднесе оставка на функцијата министер за финансии, Варуфакис открива дека во соработка со петчлена екипа со месеци работел на резервен план за создавање паралелен систем на плаќање, во случај Европската централна банка  да ја суспендира исплатата на средства за итни случаи за грчкиот финансиски систем, како што се случи по неуспехот на преговорите со грчката Влада. Паралелниот систем можел да функционира со плаќања во евра, но преку ноќ можел да се префрли на драхма, ако тоа биде потребно, појаснува весникот.

Поранешниот грчки министер за финансии за британски „Телеграф“ призна дека транскриптите од разговорите се точни, но оти грчките медиуми извртеле одредени тврдења.