Бизнис
31. July 2015 - 19:44

Граѓаните побрзо ќе добиваат решенија од институциите

Се кратат административните процедури за фирмите и граѓаните. Новиот закон за општо управна постапка има за цел да ја скрати бирократијата, да обезбеди побрзи, поедноставни, поефикасни и поевтини управни постапки. Согласно законот, граѓаните и фимрите преку едошалтерски систем, едноставно ќе поднесуваат барање до институциите, а тие во опредлеен рок ќе треба да одговорат. Целата комуникација ќе се одвива по електорнски пат.

Со цел ефиканска примена на законот ќе се менуваат и редица материјални закони, а ќе се подготвува и софверот кој треба да ги поврзе институции.  Дел од одредбите од законот ќе стапат на сила за пест, а дела за 12 месеци од сега.

Како ова ќе функционира новито закон  во пракса? На пример, граѓанинот поднесува барање за социјална помош. Центарот за социјална работа во рок од три дена ќе го проследи барањето до сите институции од кои се барааат доплнителни документи. Тие во рок од три дена мора да ги достават бараните податоци до Центарот. Потоа во рок од 30 дена, Центарот треба да одговори на граѓаниот.