Македонија
14. March 2018 - 12:17

Големо полициско обезбедување и протест пред Собранието на Република Македонија

Големо полициско обезбедување е распоредено околу Собранието каде што денеска на дневен ред е законот за употреба на јазиците. Во исто време, пред Собранието има и протест на кој учесниците бараат да не се изгласа законот. 

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта да го почитува Деловникот на Собранието и предупредува дека законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило. ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за јазиците треба да се повлече и да се дискутира, оценувајќи го како неуставен, неприменлив и со долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.