Свет
12. January 2018 - 14:45

Голем пожар на железничката станица во Нотингем

На железничката станица во британскиот град Нотингем денеска изби голем пожар, со кој се борат 10 противпожарни екипи.

Железничката станица се наоѓа во центарот на градот, а пожарот избил утрово околу 6.30 по локално време.

Зградата на железничката станица е евакуирана, а железничкиот сообраќај е запрен. Просторот во станицата е исполнета со густ чад.

Пожарникарите наведоа дека пожарот се проширил и на покривот на објектот.

Локалната полиција ги повика граѓаните да го избегнуваат тој дел на градот и советуваше во текот на денот да не сообраќаат возовите.