26.10.2014 - 07:54 |
Последна промена пред 8 часа 17 мин

ГАЛЕРИЈА: "Ликвидација" - Акцијата на МВР која утрово ги стресе Скопје и Велес

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната обработка „Ликвидација“ која што се реализираше изминативе неколку години, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против осум лица меѓу кои, И.Т. (52) судија во Основен суд Велес и кој е и Претседател на кривичен совет, Б.Н. (72) поранешен судија,Т.К.(48) главен уредник на списанието „Репортер“, Ј.П. (46) лице познато од скопското подземје, како и против В.З. (50) поранешен истражен судија при Основен Суд Велес, И.Е. (51) Јавен Обвинител во ОЈО Велес, С.Л. (50) адвокат од Велес и С.Џ.Х. (42), за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“, „противзаконито посредување“, „поттикнување“, „помагање“ и „соизвршителство“ од КЗ на РМ и „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“ од Закон за заштита на сведоци.

Истите се пријавени за наведените кривични дела пооделно во зависност од незконитите дејствија кои ги извршиле во периодот 2008 -2009 година, во неколку кривични постапки кои се воделе во велешкиот суд.

Пријавениот судија во Основен суд Велес и Претседател на кривичниот совет во текот на 2008 година преку осомничениот посредник, побарал паричен износ од 2000 евра кои истиот требало да ги обезбеди од лице роднина на две притворени лица за извршено КД „разбојништво“, со цел да гласа за укинување на мерката притвор, иако за тоа не биле исполнети условите, односно сеуште постоеле околностите поради кои притворот бил определен.

Исто така од страна на пријавените извршени се повеќе незаконски дејствија-кривични дела во врска со предмет кој се водел во Основен суд Велес за сторено КД „убиство“ за кое се обвинети лица од Велес и Скопје  и од страна на истражен судија од Основен суд Велес им била одредена мерка притвор.

Имено, пријавениот поранешен истражен судија во предметот „убиство“ во Велес и главниот уредник во списанието „Репортер 92“, спротивно на Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоци, го откриле идентитетот на лице (загрозен сведок кое подоцна е ставено и во програмата за заштита на сведоци, согласно ЗКП и Законот за заштита на сведоци) во истиот предмет и покрај тоа што биле должни со податоците за сведокот да постапуваат како со класифицирани податоци. Пријавениот истражен судија, од досега обезбедените докази, по извршено сослушување на лицето-загрозен сведок, примерок од записникот во кој бил забележан телефонскиот број на сведокот, а стоел и неговиот своерачен потпис и други информации од кои може да се утврди идентитетот на сведокот, им дал примерок на бранителите-адвокатите на обвинетите лица во предметот, кој записник подоцна станал достапен за пријавениот уредник кој го објавил во списанието  „Репортер 92“ во два последователни броја, со што го откриле вистинскиот идентитет на „загрозениот сведок“ и го загрозиле неговиот живот и интегритет.

Во периодот мај-јули 2009 година, другиот поранешен судија и осомничениот адвокат, поттикнати од пријавеното лице од Скопје, посредувале кај Јавниот Обвинител во истиот предмет, да даде согласност за укинување на мерката притвор, одредена над лицата обвинети за извршување на КД „убиство“, по што пријавениот обвинител прифатил да даде согласност за укинување на мерката притвор, но од страна на Вишото Јавно обвинителство каде реферирал по поредметот не добил позитивно мислење.

Исто така пријавениот судија по барање на осомничениот Јавен обвинител, ја заменил доставницата на пресудата со нова доставница во која стоеле невистинити податоци, односно дека пресудата во ОЈО Велес е примена на ден 27.11.2009 година, наместо 17.11.2009 година со што му овозможил како јавен обвинител да може да поднесе жалба за висината на казната, иако рокот за поднесување на истата истекол.

Пријавените истражен судија и јавен обвинител во врска со друг предмет кој се водел во ОС Велес во кој кривично било пријавено едно лице за сторено КД, „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ посредувале и кај Јавниот обвинител кој го води предметот со цел да издејствуваат на притвореното лице да не му биде продолжена мерката притвор, но откако истиот поднел обвинителен акт со прделог за продолжување на мерката притвор, обвинителот посредувал и кај првоосомничениот судија. од чија страна била изречена условна осуда и укината мерката притвор.

Врз основа на претходно обезбедени Наредби за приведување од Истражен судија приведени се сите пријавени лица, а во тек се претреси во дом и други простории кај две лица во Велес и Скопје.

Слични вести

Македонија