Балкан
4. July 2015 - 17:50

ФОТО: Со сметките во рака плаче пред банката - Грчки пензионер кза кој цел свет дозна!

Фотографијата на пензионер како плаче седнат на подот пред една банка во Солун, Грција, го обиколи светот.

Вистински шок уследил за еден непознат пензионер од Солун откако се обидел да ја подигне својата пензија во една локална банка. Неговите солзи и купчето од сметки, веднаш до него на подот, само сведочат за очајот во кој се наоѓаат најголем дел од Грците.

Тој е еден од илјадниците грчки пензионери кои од своите пензии може да подигнат само 120 евра неделно.