Ф1
23. March 2018 - 9:52

Ф-1: Првите официјални тренинзи во знакот на Хамилтон

Светскиот првак Луис Хамилтон делуваше незапирливо на првите два официјални тренинга пред стартот на новата сезона и најави атак на уште една титула во својата ризница.

Британецот беше најбрз на двете сесии во Мелбурн паркот каде имаше сериозна конкуренција во Марк Верстапен од Ред Бул и неговиот клубски колега од Мерцедес Валтери Ботас. Најголемиот ривал на Хамилтон од минатат сезона, Себастијан Фетел од Ферари во двете сесии оствари 5. време пласирајќи се зад својот клупски колега Кими Раиконен.

Првата трка е планирана за во недела во 7.10ч.