Свет
11. October 2016 - 13:21

Евакуирана железничката станица во Раштат поради закана од бомба

Германската полиција ја евакуира денеска железничката станица во градот Раштат поради закана од бомба, но засега не е пронајдено ништо сомнително.

Патниците и вработените на станицата морале да ги напуштат пероните и зградата, а по добиената дојава за бомба бил прекинат и сообраќајот. Блокиран бил и плоштадот пред железничката станица.

Полицијата веднаш почнала со пребарување на теренот, а ангажирани се и експерти за експлозив и специјално обучени кучиња, пренесува Танјуг.

Градот Раштат се наоѓа во германската сојузна држава Баден-Виртемберг.

Германската полиција вчера во Лајпциг уапси Сириец, кој планирал терористички напад на аеродромот во Берлин.