Свет
24. March 2016 - 9:28

Евакуирана железничката станица во Монс поради закана од бомба

Железничката станица во белгискиот град Монс е евакуирана поради бомбашка закана, објави весникот „Соар“.

- Зградата на станицата е евакуирана. На местото пристигнале деминери. Движењето на возовите е запрено и засега не се знае кога ќе биде обновен сообраќајот, додава весникот.