30.08.2014 - 17:54 |
Последна промена пред 28 мин 6 сек

Еуромакс рисорсис отвори информативен центар за Иловица

Сите информации поврзани со проектот - рудник за злато и бакар во Иловица  од денеска ќе може да се добијат на едно место.

Канадската компанија ,,Еуромакс Ресорсис,,  отвори информативен центар  кој ќе нуди информации  поврзани за сите аспекти на проектот.

 Првиот човек на компанијата Стив Шарп денеска  ги повтори резултатите од прелиминарната економска анлиза според која локалитетот располага со 143  милиони тони руда од кои  на годишно ниво ќе се прооизведуваат 12 милиони тони.

Од нив  4,2 тони ќе бидат  злато и 24.000  тони бакар. Мегу другото потенцираше дека целиот проект нема негативно да влијае на животната средина.

Според најавите на компанијата  рудникот  во Иловица треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари и ќе бидат вработени околу 500 лица. 

Зоран Ѓоргиев

Бизнис