Балкан
19. October 2019 - 22:00

Ердоган: Ќе разговарам со Путин за Сирија во Сочи

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека следната недела ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за распоредување на силите на сириската Влада во планираната „безбедносна зона” во северниот дел на Сирија, но и предупреди дека Анкара „ќе ги реализира своите планови” ако не се постигне решение.

Турција и САД во четвртокот договорија прекин на огнот во Сирија во рок од пет дена, за да можат Курдите да се повлечат од „безбедносната зона”, а Ердоган ќе отпатува во Сочи на итен состанок со Путин.

– Турција ќе ги уништи курдските сили во северна Сирија, ако тие не се повлечат од областа во текот на договорените 120 часови – посочи Ердоган.