Свет
17. January 2018 - 12:52

Експлодираше метеор и предизвика земјотрес

Метеор навлезе во атмосферата на Земјата и експлодира над небото на американската сојузна држава Мичиген, што беше проследено со силна светлина и неколку ненадејни моменти на бучава.

Американската Геолошка опсерваторија притоа забележала и земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала.

Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) соопшти дека вселенското тело се движело со брзина oд oкoлу 90.000 километри на час.