Ракомет
14. April 2016 - 11:16

ЕХФ ЕУРО 2018: Македонија во квалификациска група со Исланд, Чешка, Украина

На денешното извлекување на групите за квалификациите за ЕП во ракомет 2018 во Хрватска нашата ракометна репрезентација се наоѓа во група со: Исланд, Чешка и Украина.

Квалификациите се играат од 2.ноември 2016 година до 18.јуни 2017 година (шест кола). Двете првопласирани селекции од секоја група и најдобрата трета од седумте групи ќе се пласираат на првенството.

Европското првенство во Хрватска ќе се игра од 12-28.јануари 2018 година во четири града: Загреб, Сплит, Пореч и Вараждин.

Преглед на седумте групи:

Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија

Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија

Група 3: Шпанија, Австрија, Б и Х, Финска

Група 4: Исланд, Македонија, Чешка, Украина

Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија

Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка

Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија