Македонија
13. February 2018 - 16:09

Ѕанакопулос: Име за севкупна употреба подразбира и промена во македонскиот Устав

Грција не го менува ставот, уставот мора да биде променет за да се прифати реѓшение за сефкупна употреба. По ставот на Ципрас претставен пред сопартијците и портпаролот на неговата влада потврдува.

-Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение“, порача Ѕанакопулос во интервју за грчлкото радио Алфа 989.

Тој порачува дека топката во моментов е на теренот на Македонија, и ќе треба и во пракса да се покаже дека е промената реториката на Владата.

Грчите медиуми големо внимание посветија и на посетата на Заев на Турција и пораките кои ги доби од неговиот колега Јилдирим дека секоја земја треба да го избере своето име.

За болката на Грција говори и револтот кој го предизвика Јанис Бутарис со искажаната идеја за промена на името на солунскиот аеродорм. Наместо Македонија, Бутарис повика да го носи името  ѕвездата од кошарката Никос Галис.

На ваквата идеја од НД му порачаа да си го гледа сметот во Солунж, а дипломатијата да им ја остави на дипломатите.

Лидерот на партијата Сојуз на централисти Василис Левандис смета дека Грција го има загубено спорот со името, со самото тоа што разговара за сложено име во кое е вклучен терминот Македонија. Ваквиот став на Левандис доаѓа по сердба со амбасадорот на САД.

- Имав средба со американскиот амбасадор, сметам дека е загубено прашање. Американците се категорични дека е завршено. На господинот амбасадор, му потенциравме дека, ако владата даде решение со терминот Македонија, ова решение ќе биде спротивно на волјата на грчкиот народ вели Левендис во интервјуто за радиото Реал фм.