Двајца браќа од Скопје нападнале полицаец на скопскиот аеродром
Полициски службеник бил физички нападнат од двајца скопјани вчера пред објектот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје.
Како што денеска соопшти МВР, на 04.07.2015 година околу 05.45 часот пред објектот на аеродром „Александар Велики“ - Скопје, полициски службеник бил физички нападнат од М.М.(23) и неговиот 15 годишен брат, двајцата од Скопје, при што го удриле со тупаници и клоци во пределот на телото.
Од страна на полициски службеници од ПС за ГП„Аеродром Александар Велики“, М.М. и малолетникот биле приведени во полициска станица и во присуство на нивниот татко А.М.(51), е извршен разговор со истите.
На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс