26.10.2014 - 06:53 |
Последна промена пред 7 часа 17 мин

Најбогатата жена во светот е Австралијката Џина Рајнхарт

Богатството на Рајнхарт се проценува на 28,50 милијарди долари и таа ја турна од лидерската позиција Кристи Волтон, вдовицата на основачот на трговската империја „Вол-март“, Џон Волтон.

Рајнхарт, како и Волтон, богатството го добива како наследство. Нејзиниот татко Ланг Ханкок, ја основаше компанијата „Ханкок проспектинг“ и стана сопственик на рударски компании во Западна Австралија.

Рајнхарт ја презеде компанијата од нејзиниот татко пред 20 години, по што активно и успешно го зголеми наследството, делумно благодарение на големото поскапување на светските цени на металите, меѓу кои и железната руда. Минатата година беше мошне успешна за Австралијката, чие богатство се зголеми за повеќе од два и пол пати.

Според податоци на американското списание „Форбс“, објавени на почетокот на март, најбогатиот човек во светот е Мексиканецот Карлос Слим со 69 милијарди долари.

 

Вести